• петок, 22 ноември 2024

Во Пекинг воведен карантин поради Олимпијадата, во тек е масовно тестирање

Во Пекинг воведен карантин поради Олимпијадата, во тек е масовно тестирање
Пекинг, 31 јануари 2022 (МИА) - Неколку области во Пекинг се ставени под карантин откако беа регистрирани 20 случаи на коронавирус во еден ден, што е најголем број од јуни 2020 година. Жителите на Пекинг масовно се испраќаат на тестирање. Локдаунот е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите. На оваа улица има постојана редица од локалното население за тестирање. Олимпијадата во Пекинг официјално се отвора на 4 февруари, а првите натпревари започнуваат два дена претходно. Во кинеската престолнина се воведени строги безбедносни мерки, маски мора да се носат дури и на улица. зс/

Остани поврзан