• петок, 22 ноември 2024

Во Парламентот пропадна гласањето за недоверба на француската влада

Во Парламентот пропадна гласањето за недоверба на француската влада

Париз, 8 октомври 2024 (МИА) - Повикот за гласање недоверба на француската влада поднесен од коалицијата на левите партии денеска го одобрија само 197 пратеници, далеку од потребните 289 за соборување на владата на Мишел Барние.

Левичарската коалиција што го поднесе предлогот ги обединува социјалистите, еколозите и радикалната левица.

Мишел Барние (73), ветеран на француската десница, пред еден месец беше назначен за премиер од претседателот Емануел Макрон. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан