• вторник, 24 декември 2024

Во Пакистан оздраве првиот пациент од Ковид-19 лекуван со крвна плазма 

Во Пакистан оздраве првиот пациент од Ковид-19 лекуван со крвна плазма 
Исламабад, 16 мај 2020 (МИА) – Во пакистанската провинција Синд регистриран е првиот оздравен пациент од Ковид-19, кој бил лекуван со крвна плазма. Во согласност со одобрението од Владата, болниците во Пакистан спроведуваат лекување со крвна плазма на лицата инфицирани со новиот коронавирус. Во Пакистан досега евидентирани се 38.799 луѓе инфицирани со Ковид-19, од кои починале 834 лица. ми/

Остани поврзан