• петок, 22 ноември 2024

Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов

Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов
Скопје, 30 јули 2022 (МИА) - Во Охридското Езеро се пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов, при зајакнати мерки и активности што ги спровела вчера полицијата од сливот на река Сатеска до село Радожда, струшко. -На 29.07.2022 во периодот од 01:00 до 15:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400 метри и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 килограми и 12 парчиња охридска пастрмка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат, констатиран е и прекршок по членовите 23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.лв/аа/

Остани поврзан