Во општините од кочанскиот регион почнува сервисната услуга „Грижа и нега на стари лица во домот“
- Во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево почнува реализацијата на сервисната услуга „Грижа и нега на стари лица во домот“, чиј носител е општинската организација на Црвен крст од Коча
Кочани, 12 јануари 2022 (МИА) – Во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево почнува реализацијата на сервисната услуга „Грижа и нега на стари лица во домот“, чиј носител е општинската организација на Црвен крст од Кочани. Активноста се реализира во рамки на проектот „Подвижност“, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со финансиска поддршка од Светска банка.
Заинтересираните стари и изнемоштени лица од трите општини треба да поднесат соодветна здравствена и друга документација во Центарот за социјални работи во Кочани, чии стручни служби ќе го утврдат исполнувањето на потребните услови за добивање на услугата.
- Во подготвителната фаза за негуватели беа обучени 16 невработени и лица од социјален ризик, кои се стекнаа со верикуван сертификат и тие ќе ги посетуваат корисниците на услугата во нивните домови. Притоа, ќе им обезбедуваат основна здравствена грижа и нега, ќе им помагаат во одржувањето на хигиената, набавката на храна и лекови и слични потреби. Се очекува со сервисната услуга да бидат опфатени околу педесетина стари и изнемоштени лица од трите општини, истакнаа од општинскиот Црвен крст – Кочани.
Пријавувањето за добивање на услугата ќе трае до крајот на јануари, а се планира од наредниот месец лиценцираните негуватели да излегуваат на терен. Корисниците ќе добиваат бесплатна нега и грижа во текот на една година, а сервисната услуга за нив ќе биде бесплатна.та/фф/