• петок, 05 декември 2025

Во општините Дебар и Центар Жупа само една жена носител на советничка листа, за градоначалник ниту една

Во општините Дебар и Центар Жупа само една жена носител на советничка листа, за градоначалник ниту една

Дебар, 16 септември 2025 (МИА) - Политичките субјекти на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа за претстојните локални избори немаат предложено жена кандидат за градоначалник, а само една жена е носител на советничка листа. Во 10. советнички листи, по пет во двете општини, во 9 од нив носители се мажи, додека во подолните места на листите жените главно почнуваат од трето место.

Единствената жена носител на кандидатска листа за советници е Џансур Рахман, која ја предводи листата на Партијата за движење на Турците (ПДТ) за општина Центар Жупа.

-За деветте советнички места, освен ПДТ советнички листи има СДСМ, каде носител е Ајрис Беќироски, ВМРО-ДПМНЕ, Шуип Ракипоски, Партијата движење за национално единство на Турците (ДНЕТ), Наим Хусеин и Турската демократска партија (ТДП), Абдул Реџеп, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Во оваа општина, има тројца кандидати за градоначалник, актуелниот Аријан Ибраим, ТДП, кој ќе се бори за трет мандат, Алил Емрула, од ДНЕТ и Инајет Баки од ПДТ.

- За 15. места во Советот на општина Дебар има пет кандидатски листи. Носител на онаа на СДСМ е Муарем Имероски, на ВМРО-ДПМНЕ, Силас Муслиоски, на ВЛЕН, Африм Кркути, на НАИ, Артин Спахиу и на незвисната листа Дергим Каја. Во трката за градоначалник се тројца кандидати, Рамадан Имери, независен, Фисник Меља од ВЛЕН и Илирјан Фетаху од НАИ, потврди за МИА Рилинд Хаса, претседател на ОИК.

На последните локални избори, во 2021 година, на кандидатските листи за советници и во двете општини немаше ниту една жена носител на листа, а немаше ни кандидат-жена за градоначалник, како и на овие и на неколкуте изминати изборни циклуси. вт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан