Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме
- - Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.762 граѓани. Вчера своето граѓанско право го остварија 76 болни и изнемоштени лица, изјави Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија во Дебар.
Дебар, 19 октомври 2025 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме.
- Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.762 граѓани. Вчера своето граѓанско право го остварија 76 болни и изнемоштени лица, изјави Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија во Дебар.
И во општина Центар Жупа избрачките места се отворени точно во 7 часот и гласањето, според Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија, се одвива без проблеми.
- Се гласа на 16 избрачки места, седум се во Центар Жупа, додека другите во селските населените места. Изборниот процес се одвива нормално. Вчера правото на глас го искористија 11 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.
Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.551 лица со право на глас . вт/лв/
Фото:МИА