• недела, 22 декември 2024

Во Општина Чашка победи кандидатот на СДСМ Горан Стојановски

Во Општина Чашка победи кандидатот на СДСМ Горан Стојановски

Велес, 31 октомври 2021 (МИА) - На денешниот втор круг од Локалните избори 2021 во Општина Чашка најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ, Горан Стојановски.

Потпретседателот на Општинската изборна комисија на Чашка, Марјан Јовановски во изјава за МИА рече дека Стојановски освои 2327 гласа, наспроти Суат Шаќиров од ДУИ кој доби 1734 гласа.

Членовите на ОИК се на пат да ги предадат своите материјали во ДИК, која треба да ги потврди резултатите. ад/дма/

Остани поврзан