• вторник, 15 октомври 2024

Во Општина Центар отстранети 105 непрописно паркирани возила

Во Општина Центар отстранети 105 непрописно паркирани возила

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Сообраќајната полиција-Скопје од 7 октомври до 13 октомври 2024 година со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 105 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар, се наведува во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар. 

Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. мд/дма/

Фото:  ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан