• понеделник, 23 декември 2024

Во Општина Новаци отворен Центар за дијаспора

Во Општина Новаци отворен Центар за дијаспора
Новаци, 16 ноември 2022 (МИА) - Министерот во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи и градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денеска потпишаа Договор за соработка од областа на дијаспората, со што се овозможи отворање на „Центар за дијаспора“ во општината. Од Општина Новаци информираа дека канцелариите на Центарот се осмислени да имаат посредничка улога и треба да служат како центри во кои на македонската дијаспора и се овозможува пристап до потребните информации и дополнителни насоки по основ на нивните права за соодветните постапки пред надлежните институциите. Надлежностите и одговорностите на канцеларијата ќе бидат во насока на информирање на дијаспората за нивните права и обврски, креирање на база на податоци за активни здруженија, база на податоци за бизнис дијаспората и привлекување на странски инвеститори, да иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората и слично. За службеник за дијаспората, од Општина Новаци назначен е Благојче Николовски. мт/цр

Остани поврзан