• понеделник, 23 декември 2024

Во општина Гостивар над 500 семејства ќе добијат по 1.500 денари за прваче

Во општина Гостивар над 500 семејства ќе добијат по 1.500 денари за прваче
Гостивар, 30 август 2022 (МИА) - Семејствата во кои има дете кое годинава прв пат ќе тргне на училиште, ќе добијат еднократна парична помош од локалната самоуправа. Одлуката беше изгласана на последната седницата советот на Општина Гостивар. - Одлуката ја поддржаа сите советници и според неа општина Гостивар ќе издвои по 1.500 денари за прваче. Се надевам дека со ова на семејствата ќе им придонесеме во покривањето на дел од трошоците за подготовка пред учебната за училиште, и таа ќе им биде добредојдена, рече Ваљбон Лимани претседателот на советот општина Гостивар. Предлогот за поддршка на семејствата кои годинава ќе имаат првачиња, беше разгледан на минатата 11-та седница, на предлог на советничката Ема Нешковска (СДСМ). Таа, во образложението напомена дека за износот еднократната парична помош треба да биде 2.000 за секое семејство кое ќе има дете ученик во прво одделение. Според очекувањата од секторот за образование, годинава, бројот на првачињата во општина Гостивар ќе биде помеѓу 500 и 600 првачиња. згм/цр

Остани поврзан