• петок, 05 декември 2025

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите

Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври изнесува 2,20 проценти и бележи годишен раст од 0,13 процентни поени, додека просечната каматна стапка на кредитите изнесува 4,82 проценти и бележи годишен пад од 0,56 процентни поени. 

Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата изнесува 5,21 проценти и е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво, а кај корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 4,43 проценти. 

Кај депозитите, просечната каматна стапка кај корпоративниот сектор бележи месечно зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 2,61 проценти, а кај домаќинствата каматната стапка е непроменета на месечна основа и изнесува 2,14 проценти. бак/са/

Фото: Народна банка

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан