• понеделник, 23 декември 2024

Во Норвешка најголем пад на бројот на венчавки од 1927 година

Во Норвешка најголем пад на бројот на венчавки од 1927 година
Осло, 8 март 2021 (МИА) - Во Норвешка во 2020 година бројот на венчавки се намали за 19 проценти во споредба со претходната година, што е најголем пад од 1927 година. Норвешката агенција за статистика денеска соопшти дека поради пандемијата и рестриктивните мерки има опаѓање, така што во 2020 година биле направени 16.200 венчавки во земјата со 5,4 милиони жители. Во 2019 година имаше 3.000 венчавки повеќе отколку во 2020 година, рече Ана Маргрет Томерас од Агенцијата за статистика. - Бројките покажуваат дека мерките против коронавирусот воведени на 12 март принудија многу двојки да ги одложат венчавките. Дали бројот на венчавки ќе се зголеми оваа година ќе се знае набрзо, додаде таа. паг/  

Остани поврзан