• понеделник, 23 декември 2024

Во ноември годинава во тетовското подрачје откриени и законски санкционирани 1363 прекршоци

Во ноември годинава во тетовското подрачје откриени и законски санкционирани 1363 прекршоци

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи преку дневниот билтен попладнево соопшти дека во текот на ноември годинава полициските службеници на поширокото тетовско подрачје при акциските контроли откриле и законски санкционирале 1363 прекршоци.

-Во текот на ноември годинава полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 22 акциски контроли и редовни активности вкупно откриле и законски санкционирале 1363 прекршоци или 472 помалку во споредба со истиот период лани, се наведува во билтенот на МВР.

Од МВР информираат дека во контролните активности реализирани во текот на минатиот месец, поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај билe исклучени 58 возила, од кои 38 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 20 поради утврдена техничка неисправност.

-Во ноември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 228 возачи, од кои 134 управувале без возачка дозвола, 45 под дејство на алкохол, 29 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 13 со важечка забрана за управување и 7 со несоодветна категорија, велат од Министерството.

Посочуваат дека во ноември времено биле одземени три возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и една поради бучавост, 66 возачки и 35 сообраќајна дозволи. Соопштуваат дека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 159 погрешно, односно непрописно паркирани возила, најмногу во централното  подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфенција на возила и пешаци.

-Минатиот месец (ноември) вкупно биле изречени 378 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, за пребрзо возење, најчестиот прекршок и годинава во поширокиот Полошки регион, 32 мерки за непрописно престигнување и 47 за недавање предност на пешаците, посочуваат од МВР.фф/ев/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан