• четврток, 21 ноември 2024

Во Нигерија киднапирани шестмина ученици и тројца наставници

Во Нигерија киднапирани шестмина ученици и тројца наставници

Абуџа, 30 јануари 2024 (МИА) - Вооружени напаѓачи во Нигерија киднапираа шестмина ученици и тројца наставници од училиште во државата Екити во понеделникот вечерта, соопштија денеска властите на земјата.

Владата на Екити во соопштението наведува дека киднапирањето се случило кога учениците и наставниците се враќале од локална екскурзија. Возачот на училишниот автобус исто така бил киднапиран.

„Безбедносните агенции во земјата се во потрага на киднаперите“, се додава во соопштението, во кое се истакнува дека досега никој не ја презел одговорноста и не барал откуп. Според извештаите, ова е прво пријавено киднапирање на училишни деца оваа година.

Вооружени банди киднапираат селани, патници и студенти за откуп додека најнаселената африканска нација се бори со широко распространета несигурност, која вклучува и долготрајно исламистички бунт на североистокот.

Претседателот Бола Тинубу, чиј фокус е заживување на економијата, наиде на критики поради серијата киднапирања низ Нигерија, вклучително и во предградијата на главниот град Абуџа овој месец.

Лидерот на опозицијата Атику Абубакар денеска го обвини Тинубу дека „свири виолина додека Нигерија се дави во океанот на несигурност“, алудирајќи на фактот дека претседателот беше во приватна посета на Франција една недела. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан