• понеделник, 23 декември 2024

Во немирите во Белфаст повредени 19 полицајци

Во немирите во Белфаст повредени 19 полицајци
Белфаст, 9 април 2021 (МИА) - Во немирите во Белфаст во четвртокот вечерта, 19 полицајци беа повредени, а државниот секретар Брендон Луис ќе се состане со тамошните политички партии за да разговара за ситуацијата. Насилството било помалку интензивно синоќа отколку во средата, но полицајците биле нападнати со молотови коктели, пиротехнички средства и камења, објави „Белфаст телеграф“. Водени топови беа користени за првпат во Северна Ирска во изминатите шест години за растерување на група националисти, се додава во текстот. Од почетокот на немирите, кои траат повеќе од една недела, 74 полицајци се повредени. паг/

Остани поврзан