• недела, 07 јули 2024

Во Неапол се урна стара зграда, спасувачите трагаат по преживеани

Во Неапол се урна стара зграда, спасувачите трагаат по преживеани

Неапол, 16 јули 2023 (МИА) - Најмалку три лица се спасени од урнатините откако денеска се урна трикатна станбена зграда во предградие на Неапол.

Спасувачите ја продолжуваат потрагата по преживеани, а не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на уривањето, објавија италијанските медиуми.

Две лица се полесно повредени при уривањето, кои биле погодени од парчиња од урнатините во близина на зградите.

Исто така, пожарникарите се обидуваат да ослободат две постари жени кои се заробени во нивните домови по уривањето на блиската зграда.

Мештаните велат дека зградите во областа Торе дел Греко се многу стари, а урнатата била особено критична и имала видливи пукнатини и други знаци на опасност. паг/

Фото: Твитер

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан