• петок, 22 ноември 2024

Во напредна фаза изградбата на кула за рана детекција на пожари во Македонска Каменица

Во напредна фаза изградбата на кула за рана детекција на пожари во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 9 ноември 2022 (МИА) - Во напредна фаза изградбата на кула за рана детекција на пожари во Македонска Каменица.
Проектот, кој се реализира преку програмата за прекугранична соработка, како што информираа од Општината, се очекува да биде комплетно завршен до почетокот на идната година.
-Активностите за изградба на кулата се во напредна фаза и се дел од проектот „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“, со референтен број CB006.2.12.039, а кој се реализира преку Interreg-IPA Програмата, информираа од Општината.
Партнер во проектот е Јавното претпеијатие „Камена Река" од Македонска Каменица, за кое во овој проект, преку ЕУ фондот се обезбедени околу 200 илјади евра.
-Во моментот се поставуваат дел од столбовите и друг вид конструкција на противпожарната кула која се наоѓа во село Саса. Нејзината намена ќе биде да детектира шумски пожари во радиус од 20 километри, додадоа од Општината.
Проектот како што посочија е од големо значење на месното население при навременото детектирање на пожарите на територијата на Македонска Каменица и поширокиот регион. вс/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан