• петок, 22 ноември 2024

Во напад на Брегот на Слоновата Коска убиени 12 војници

Во напад на Брегот на Слоновата Коска убиени 12 војници
Абиџан, 11 јуни 2020 (МИА) - Дванаесет припадници на армијата на Брегот на Слоновата Коска загинаа, а седум се повредени во напад што се случи утрово во близина на границата на земјата со Буркина Фасо, соопштија властите. Според офицер на армијата од Брегот на Слоновата Коска, двајца припадници на воената жандармерија се водат како исчезнати, додека еден од напаѓачите е убиен. Се верува дека напаѓачите дошле од територијата на Буркина Фасо. Сè уште не е познато кои се извршителите на нападот, најсмртоносен на Брегот на Слоновата Коска од оној што го извршија членови на Ал-Каеда во март 2016 година, кога загинаа 19 лица во едно одморалиште. Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо минатиот месец започнаа заедничка воена операција за борба против растечката закана од џихадистите поврзани со Ал Каеда и Исламска држава. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан