• вторник, 02 јули 2024

Во Мјанмар загинаа над 500 цивили

Во Мјанмар загинаа над 500 цивили
Јангон, 30 март 2021 (МИА) - Безбедносните сили во Мјанмар убија повеќе од 500 цивили, помеѓу кои голем број студенти и адолесценти од 1 февруари, кога армијата ја презеде власта во земјата, соопшти денеска Асоцијацијата за помош на политичките затвореници. - Потврдивме 510 загинати лица. Но, најверојатно нивниот број е многу поголем, наведе Асоцијацијата. Исто така стотици луѓе се водат како исчезнати. Само на протестите во саботата загинаа 114 луѓе, меѓу кои и седум малолетни лица. И покрај репресијата, демонстрантите и вчера протестираа, а настрадаа 14 цивили во источниот дел на економскиот центар на Мјанмар, Јангон. ми/

Остани поврзан