Во Москва поставени околу 300 пунктови за вакцинација
- Московските власти денеска соопштија дека се подготвени за масовна вакцинација против коронавирусот, откако поставија околу 300 контролни пунктови низ градот каде што граѓаните ќе можат да се
Москва, 26 ноември2020 (МИА) - Московските власти денеска соопштија дека се подготвени за масовна вакцинација против коронавирусот, откако поставија околу 300 контролни пунктови низ градот каде што граѓаните ќе можат да се вакцинираат, изјави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин.
- Подготвени сме за масовна вакцинација. Поставивме околу 300 мобилни станици, со опрема и потребни работи за складирање вакцини, како што се фрижидери, рече Собјанин.
Покрај тоа, градот Москва создаде дигитален информациски систем со кој граѓаните ќе знаат во кое време можат да дојдат за вакцината, додаде градоначалникот. паг/