• сабота, 29 јуни 2024

Во Мозамбик армијата убила голем број терористи во акција за ослободување на Палма

Во Мозамбик армијата убила голем број терористи во акција за ослободување на Палма
Мапуто, 5 април 2021 (МИА) – Припадници на мозамбиската армија убиле „значителен“ број џихадисти во акциите за преземање контрола врз североисточниот град Палма, соопштија воените власти. - Сè уште не е готово, но значителен број терористи се убиени, изјави синоќа командантот на операциите во Палма, Чонго Видигал. Палма падна во рацете на џихадистичките групи по нападот на 24 март. Веќе неколку години, џихадистите влеваат страв кај населението на северот од Мозамбик, недалеку од границата со Танзанија. ОН „остро ги осудија нападите“ на џихадистичките групи во Палма. јт/

Остани поврзан