• четврток, 19 декември 2024

Во Минск уапсени повеќе од 1.100 лица на протестот поради смртта на демонстрантот Бондаренко

Во Минск уапсени повеќе од 1.100 лица на протестот поради смртта на демонстрантот Бондаренко
Минск, 16 ноември 2020 (МИА) - Невладината организација за човекови права „Весна“ денеска соопшти дека за време на протестите во Минск во неделата биле уапсени повеќе од 1.100 лица, пренесе ТАСС. Бројот на уапсените на веб-страницата на оваа организација е 1.126, а повеќето се однесени во притворската единица во Минск, а има извештаи за апсења и во Брест, Бобрујск, Витебск, Гродно, Новополотск и Могилев. Неделниот митинг беше организиран за да му се оддаде почит на Роман Бондаренко, кој почина на 12 ноември на 31 година. ТАСС додава дека на 11 ноември луѓето во цивилна облека дошле на местото каде што се собира опозицијата и започнале да ги вадат црвено-белите ленти од оградата. Според очевидци, Бондаренко бил уапсен и однесен, а подоцна итно пренесен од полициската станица во Минск во болницата. Во извештаите се наведува дека тој бил повреден во тепачка, а еден ден подоцна починал. Луѓето спонтано се собраа на местото каде што беше уапсен, кои оставаа цвеќе и палеа свеќи, а еден ден подоцна стотици припадници на безбедносните единици се појавија на тоа место, оградувајќи го просторот и растерувајќи ги луѓето насилно, со масовни апсења. паг/  

Остани поврзан