• недела, 22 декември 2024

Во меѓународната акција „Мозаик 2024“ идентификувани 63 осомничени за сексуална злоупотреба на деца на Интернет

Во меѓународната акција „Мозаик 2024“ идентификувани 63 осомничени за сексуална злоупотреба на деца на Интернет

Белград, 18 ноември 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на Службата за борба против високотехнолошкиот криминал на Дирекцијата за технологија, како дел од Европската платформа за борба против организираниот криминал, учествувале во големата меѓународна акција „Мозаик 2024“ насочена против сексуалната злоупотреба на децата на интернет во Западен Балкан. Идентификувани се вкупно 63 осомничени, извршени се 59 претреси и откриени се осум жртви, јави дописникот на МИА од Белград.

При претреси на териториите на Србија, Северна Македонија, Хрватска, Република Српска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија и Црна Гора, запленети се 327 електронски уреди, на кои се пронајдени материјали кои произлегуваат од сексуална експлоатација на деца на интернет, споделени преку различни апликации и Peer2Peer мрежа, кои понатаму ќе се користат како доказ во кривична постапка против осомничените.

Во соопштенеито на МВР се додава дека акцијата „Мозаик 2024“ е продолжување на регионалната и меѓународната полициска соработка во борбата против злоупотребата на децата на интернет, во која акциите на припадниците на МВР се спроведени во изминатите неколку дена во повеќе градови во Србија.

Кривични пријави се поднесени против шест лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија.

„Министерството за внатрешни работи продолжува со континуирано и проактивно дејствување во насока на заштита на децата и најчувствителните категории на населението“, се наведува во соопштенеито на МВР. об

фото:МВР на Србија 

Остани поврзан