• петок, 19 јули 2024

Во Масачусетс расипани околу 2.000 вакцини на Модерна поради исклучен фрижидер

Во Масачусетс расипани околу 2.000 вакцини на Модерна поради исклучен фрижидер
Вашингтон, 22 јануари 2021 (МИА) - Речиси 2.000 дози од вакцината против коронавирус на „Модерна“ се расипаа во болницата во Бостон, Масачусетс, затоа што чистач случајно го исклучил ладилникот во кој се чувале, објави денеска телевизијата Еј-Би-Си, повикувајќи се на претставникот на болницата Кајла Тото. Инцидентот се случил на 19 јануари. - Фрижидерот беше на безбедно место и опремен со алармен систем. Откриено е дека приклучокот не бил приклучен откако вработен случајно го извадил за време на чистењето, изјави Тото. Истрагата за инцидентот се спроведува и се проверува зошто не е активиран алармот на ладилникот. Вакцината на „Модерна“ може да се чува на температура од 2 до 8 степени Целзиусови до 30 дена. паг/  

Остани поврзан