Во МАНУ отворена изложба на дела од Владимир Темков инспирирани од „Свети Трифун“
- Вкупно 81 дело од ликовниот уметник Владимир Темков, инспирирани од „Свети Трифун“, празникот што се смета за заштитник на лозарите и винариите, се дел од изложбата што вечерва беше отворена во ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите МАНУ во Скопје. Изложбата на кавадаречкиот уметник, лани добитник на државно признание, наградата 11 Октомври за животно дело од областа на уметноста и културата, е насловена „Рапсодија во чаша полна љубов“.
Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - Вкупно 81 дело од ликовниот уметник Владимир Темков, инспирирани од „Свети Трифун“, празникот што се смета за заштитник на лозарите и винариите, се дел од изложбата што вечерва беше отворена во ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите МАНУ во Скопје. Изложбата на кавадаречкиот уметник, лани добитник на државно признание, наградата 11 Октомври за животно дело од областа на уметноста и културата, е насловена „Рапсодија во чаша полна љубов“.
- Самиот наслов на изложбата претставува единство на двата празника, „Свети Трифун“ и „Свети Валентин“ што се слават на 14 февруари, а всушност ги слават љубовта и виното, ја слават нивната нераскинлива врска што отсекогаш е вечна инспирација за уметниците, вели Темков.
Изложбата ја отвори академик Влада Урошевиќ, кој се осврна на творештвото на авторот.

Владимир Темков е дипломиран професор по ликовна култура. Роден е во Кавадарци во 1959 година, потекнува од работничко семејство. Основно образование завршува во основното училиште „Страшо Пинџур“, средно уметничко и Педагошка академија во Скопје, а факултет за ликовни уметности - отсек графика и магистерски студии - отсек сликарство завршува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Кавадаречкиот уметник е основач и организатор на ликовна колонија во Кавадарци, што постои речиси 30 години, а има учествувано на многубројни самостојни и групни изложби, колонии и други културни настани, освоено бројни награди во земјава и во странство.
Дела на Темков низ годините биле дел од изложби во големи светски културни центри како Њујорк, Париз и други градови низ светот, а самиот има реализирано студиски престои во повеќе светски културни метрополи. свд/аа/
Фото : МИА