• понеделник, 23 декември 2024

Во МАНУ научен собир „80 години од холокаустот на македонските Евреи“

Во МАНУ научен собир „80 години од холокаустот на македонските Евреи“

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се одржи научен собир на тема: „80 години од холокаустот на македонските Евреи“ посветен на академик Иван Дејанов, предлагач на изградбата на првиот европски музеј на холокауст во Скопје.

Организатори на научниот собир се Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и во соработка со Филозофското друштво на Македонија, Еврејска заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. 

Како што е најавено, на собирот ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Пепо Леви и Горан Садикарио, главен и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан