• понеделник, 23 декември 2024

Во Македонска Каменица ќе се доградува Градскиот кеј

Во Македонска Каменица ќе се доградува Градскиот кеј
Македонска Каменица, 12 февруари 2021 (МИА) -  Во Македонска Каменица ќе се градат последните 120 метри од Градскиот кеј на Каменичка Река. За реализација на оваа активност градоначалничката Соња Стаменкова го најави почетокот на постапката изработка на техничка документација, со која во текот на оваа година се предвидува изградба на последниот дел од градскиот кеј од Каменичка Река.
-Преостанатите 120 метри ќе бидат изградени оваа година, со што целосно ќе ја завршиме изградбата и уредувањето на Градскиот кеј на Каменичка Река, истакна Стаменкова.
Во соопштението за јавност градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова ги најави и останатите проектите кои следуваат во 2021 година.
-Дополнително, со планираната изградба на Паркот на млади и доуредувањето на пешачките патеки и шеталиштата со хортикултура и урбана опрема овој дел од градот ќе добие сосема нов и модерен лик, додадае Стаменкова.
Минатата година, општина Македонска Каменица изгради 150 метри од “минор” и “мајор” коритото, пристапни патеки со скали и рампи за олеснето движење и пристап на граѓаните до градскиот кеј. вс/сст/

Остани поврзан