• понеделник, 23 декември 2024

Во Македонска Каменица во тек активности за пробивање нови земјени патишта во селските средини

Во Македонска Каменица во тек активности за пробивање нови земјени патишта во селските средини

Македонска Каменица, 25 април 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек se градежни активности за пробивање нови земјени патишта во селските средини. Со активностите, како што информираше градоначалникот Димчо Атанасовски, опфатени се селата Костин Дол и Вратиславци.

- Пробиваме нов земјен пат од месност „Штабо" во Костиндол до Манастир „Св.Петка" и Балтачко маало, Вратиславци. Овој предел со децении е заборавен и со изградбата на овој пат овозможуваме пристоен пристап до манастирот, истакна Атанасовски.
 
Инвестициите во село Костиндол, најави градоначалникот на Македонска Каменица, ќе продолжат и во наредниот период.
 
 
- Целта е да создадеме подобрени услови за живот на локалните жители. Паралелно продолжуваме со инвестиции во сите рурални средини, додаде Атанасовски.
 
Воедно, деновиве во село Моштица, како што додадоа од Општината, во тек е изградба на нов канализационен систем, а подготвени се уште неколку проекти кои најавија дека ќе бидат реализирани до крајот на оваа година. вс/цр
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан