• среда, 27 ноември 2024

Во Мадрид пристигнаа двајцата македонски државјани од Маракеш, во добра здравствена состојба

Во Мадрид пристигнаа двајцата македонски државјани од Маракеш, во добра здравствена состојба

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Двајцата македонски државјани, кои се наоѓаа во камп во Маракеш, Мароко, се пристигнати во Мадрид и се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време.

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и на амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, информираат од МНР, во изминатите два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш.

- Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони, информираат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.цр/лв/

 

 

Остани поврзан