• петок, 05 декември 2025

Во Лондон одржани пропалестински и произраелски собири

Во Лондон одржани пропалестински и произраелски собири

Лондон, 11 октомври 2025 (МИА) – Десетици илјади луѓе денеска учествуваа на анти-израелски, про-палестински протест во Лондон, ден по стапувањето во сила на прекинот на огнот во Газа.

Учесниците во маршот скандираа „од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, „Кир Стармер, не можеш да се скриеш, те обвинуваме за геноцид“ и носеа палестински знамиња додека се движеле преку Вестминстерскиот мост кон Вајтхол, јави Тајмс оф Израел.

Во исто време во Лондон се одржа и контра-митинг организиран од групата Stop The Hate, на кој контрадемонстрантите го вееле израелското знаме и пуштале гласна музика.

Лондонската полиција соопшти дека откако контрадемонстрантите ги прекршиле правилата за својот митинг, полицијата интервенирала за да ги раздели двете групи, а „мал број“ лица биле уапсени. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан