• понеделник, 23 декември 2024

Во Липково и Куманово изречени 62 казни за брзо возење

Во Липково и Куманово изречени 62 казни за брзо возење
Куманово, 20 февруари 2021 (МИА) - Во акциска контрола на полициски службеници од СВР Куманово спроведена денеска во Куманово и Липково санкционирани се 62 возачи, соопштија од МВР. - Полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово и Липково. При тоа санкционирани се 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената-соопштија од МВР. Полицијата информира дека од сообраќај биле исклучени и 12 возила поради други прекршоци. ам/сп/

Остани поврзан