• петок, 22 ноември 2024

Во Летонија суспензија и отказ за невакцинирани работници

Во Летонија суспензија и отказ за невакцинирани работници
Рига, 4 ноември 2021 (МИА) – Летонскиот Парламент денеска им дозволи на компаниите да ги отпуштат вработените кои одбиваат вакцинација против коронавирус или да ги испратат на работа од дома, додека земјата се бори со еден од најлошите бранови на Ковид-19 во Европската унија. Според усвоениот закон, на компаниите им е дозволено да ги суспендираат невакцинираните лица без плата, доколку одбијат да примат вакцина или, ако е можно, да се префрлат на работа од далечина. Регулативата предвидува и компаниите да можат да отпуштат вработени доколку не ја примат вакцината за време на тримесечната суспензија. - Постојат доволно причини да се верува дека такво лице не е соодветно за позицијата, напиша летонската Влада во парламентарниот поднесок, објаснувајќи ја предложената мерка. Новите правила ќе стапат во сила на 15 ноември, откако Летонија ќе излезе од блокадата, а има исклучоци за лицата кои имаат медицинска причина да не се вакцинираат, вклучително и оние кои неодамна ја прележале болеста. Претходно, задолжителната вакцинација против Ковид 19 во Летонија важеше само за работниците во здравството, образованието и социјалната заштита. Околу 61 отсто од возрасните Летонци се целосно вакцинирани, што е помалку од просекот на Европската унија од 75 отсто. јт/

Остани поврзан