• петок, 28 јуни 2024

Во Лаос запленети 33 милиони таблети метамфетамини

Во Лаос запленети 33 милиони таблети метамфетамини
Виентијан, 24 септември 2022 (МИА) - Полицијата во Лаос заплени 33 милиони таблети метамфетамин и 500 килограми кристал метамфетамин, изјави денеска официјален претставник на Агенцијата на ОН за борба против дрога и криминал. Тоа е трета најголема заплена на метамфетамин досега во Лаос. Според претставник на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал, Џереми Даглас вчера во северозападната провинција Бокео биле запленети 200.000 таблети метамфетамин. Дрогата била откриена во камион, што бил запрен на контролен пункт. ми/

Остани поврзан