• понеделник, 23 декември 2024

Во Лавов повеќе нема место за раселени лица, пополнети сите капацитети

Во Лавов повеќе нема место за раселени лица, пополнети сите капацитети
Лавов, 7 март 2022 (МИА) - Градоначалникот на украинскиот град Лавов Андриј Садовиј денеска изјави дека во градот повеќе нема место за раселени лица, кои бегаат од рускиот напад, бидејќи сите капацитети се пополнети.
„Разбирам дека ќе има нов бран раселени и ги повикувам меѓународните хуманитарни организации да дојдат овде и помогнат“, изјави Садовиј, посочувајќи дека неколку стотина илјади луѓе поминале низ Лавов во потрага по безбедно место.
Околу 200 илјади внатрешно раселени лица веќе се во Лавов, а 50 илјади дневно минуваат низ железничката станица во градот. аа/

Остани поврзан