• вторник, 05 ноември 2024

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) – Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во која тој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ во завршните зборови рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности.

Процесот, како што образложи, почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

- Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правното лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата, истакна обвинителката.

Обвинителката му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

- Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот, посочи Владмир Андреевски.

Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.

- Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злоупотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла, посочи тој.

Јавната обвинителка неодамна, согласно измените во Кривичниот Законик, го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог.

- Поднесениот обвинителен акт е трансформиран во обвинителен предлог согласно измените на Кривичниот закон од септември 2023, кои што предвидуваат поблаго казнување за обвинетиот. Врз основа на тоа е извршена измена на диспозитивот на сега поднесениот обвинителен предлог во делот на опфатот на законските елементи на кривичното дело кое му се става на товар, образложи обвинителката.

Согласно сега поднесениот обвинителен предлог, на поранешниот генерален секретар Зеќири му се става на товар делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ - 353 став 4 кој предвидува казна затвор од 1 до 5 години, за разлика од претходно, кога му се ставаше на товар истиот член под став 5, кој предвидуваше минимална казна затвор од 5 години.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000. ар/ац/

Фото:МИА

Остани поврзан