Во Крива Паланка излезеност од 16,85 отсто до 11 часот, во Кратово 16,26, во Ранковце 15,52 отсто
- Процентот на излезеноста на локалните избори до 11 часот во Крива Паланка и двете останати општини до крајниот северо-исток на државата, Ранковце и Кратово се зголемил за околу десет проценти во однос на излезеноста до 9 часот и изнесува 16,85 отсто.
Крива Паланка, 19 октомври 2025 (МИА) – Процентот на излезеноста на локалните избори до 11 часот во Крива Паланка и двете останати општини до крајниот северо-исток на државата, Ранковце и Кратово се зголемил за околу десет проценти во однос на излезеноста до 9 часот и изнесува 16,85 отсто.
Од вкупниот број регистрирани гласачи во единствениот избирачки список 16 519, Општинската изборна комиисија соопштува дека гласале 2 784 граѓани.
Во Кратово излезеноста до 11 часот изнесува 16,26 отсто или од вкупниот број, од 7 438 со право на глас, гласале 1 208 граѓани, додека во Ранковце од вкупно 2 921 граѓани, до 11 часот гласале 453 или 15,52 отсто од вкупниот број гласачи.
Ова се осми по ред локални избори од независноста на Македонија на кои вкупно 1 832 415 граѓани кои на 3 474 избирачки места ги одбираат градоначалниците и советниците што во следните четири години ќе ги водат општините во државата. ид/мд/
Фото: МИА