• петок, 05 декември 2025

Во Крива Паланка за четири дена опфатени над 300 лица во активностите за заштита од топлотен бран

Во Крива Паланка за четири дена опфатени над 300 лица во активностите за заштита од топлотен бран

Крива Паланка, 8 јули 2025 (МИА) – Црвениот крст од Крива Паланка ги интензивираше теренските активности за заштита од топлотен бран, продолжувајќи со делење вода, мерење притисок и делење флаери за граѓаните.

-Во период од 4 до 8 јули, дванаесет волонтери спроведоа активности за делење вода и флаери за заштита од топлотен бран, како и мерење крвен притисок  на граѓаните. Беа опфатени околу 300 лица, најголем дел возрасни граѓани кои во периодот од 11 до 16 часот беа затекнати во градскиот парк, на плоштадот или минуваа низ центарот  како и по главната улица, информира Маја Илиевска од Црвен крст на Република Северна Македонија, општинска организација Крива Паланка.

Информира дека на пунктот во градскиот парк,  во периодот од 25 до 27 јуни, при првиот топлотен бран со препораки и активности спроведени од волонтерите на Црвениот крст беа опфатени 250 лица.

-Досега тимовите имаат опфатено повеќе од 550 лица, со цел заштита на населението и избегнуавње на негативни последици од екстремно топлото време, информира Илиевска.

Потсети дека здравјето е наша заедничка одговорност.

-Препораките се јасни, граѓаните треба да пијат доволно течности, да избегнуваат престој на сонце во најтоплиот дел од денот, да се носи лесна и светла облека и да се конзумира лесна храна, како и да се води грижа за хронично болните и повозрасните лица, додаде Илиевска. ид/ дма/


Фото: Црвен крст на РСМ - ОО Крива Паланка

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан