• петок, 05 декември 2025

Во крводарителска акција во Чашка собрани 24 крвни единици

Во крводарителска акција во Чашка собрани 24 крвни единици

Велес, 22 август 2025 (МИА) – Во големата сала на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка денеска се одржа акција за доброволно дарување на крв во која беа собрани 24 крвни единици.

Акцијата е организирана во рамките на програмата Денот на Општина Чашка 21 август, а ја организира Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и тројца волонтери на Основната организација на Црвен крст Чашка. Крводарителската акција беше подржана од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“ во чиишто простории секое лето и се одржува веќе традиционално.

Како што информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес, еден од дарителите во денешната акција за крводарување за прв пат дарувал крв и станал дел од најхуманото семејство во државата.

Следната акција на ООЦК Велес е закажана на 24 август од 9 до 15 часот во просториите на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. ад/ев/

ФОТО: МИА

 

 

 

Остани поврзан