• петок, 22 ноември 2024

Во крводарителна акција во Дебар собрани 38 крвни единици

Во крводарителна акција во Дебар собрани 38 крвни единици
Дебар, 31 мај 2022( МИА) - Општинската организација на Црвен крст - Дебар денеска ја спроведе третата по ред крводарителна акција за годинава.
Акцијата беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиска медицина, чија екипа беше сместена во просториите на гимназијата „28 ноември", при што за време на неколку часовниот престој беа прибрани 38 крвни единици.
- Ова е трета од планираните девет редовни и две до три вонредни крводарителна акција за годинава. За да даруваат крв се пријавија педесетина лица,  но поради разни причини, крв даруваа 38. Како и до сега младите беа најбројни, потврдувајќи ја нивната хуманост,  изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на општинската организација на Црвен крст.Годишниот план, вели тој, е проектиран на 744 крвни единици, колку што беше и минатата година. До сега прибрани се 158 крвни единици, што е исполнување на планот за над 21 отсто.вт/свс/

Остани поврзан