Во Корнвол поставена скулптура посветена на рециклажата
- Во Корнвол по повод Самитот на Г-7 е поставена скулптурата со ликовите на лидерите, направена по примерот на познат споменик на Планината Расмор во САД, што е посветена на американските претс
![Во Корнвол поставена скулптура посветена на рециклажата](https://new.mia.mk/images/20221107124102_big_730x400_66.webp )
Лондон, 11 јуни 2021 (МИА) - Во Корнвол по повод Самитот на Г-7 е поставена скулптурата со ликовите на лидерите, направена по примерот на познат споменик на Планината Расмор во САД, што е посветена на американските претседатели.
Според Би-Би-Си, скулптура е направена од електронски отпад, која се вика Маунт Рисајклмор, а целта му е да ја потенцира неопходноста од поголемо рециклирање и штетноста од фрлените електронски уреди.
Авторот на скулптурата, Џо Раш изјави дека се надева оти инсталацијата ќе укаже на потребата за полесно да се рециклира електронскиот отпад. ми/