• понеделник, 23 декември 2024

Во Кина, средба на претставници на најсилните морнарици во светот, присутни се и САД

Во Кина, средба на претставници на најсилните морнарици во светот, присутни се и САД

Чингдао, 21 април 2024 (МИА) - Во кинескиот град Кингдао почна четиридневна средба на претставници на кинеската и на 30 други најмоќни морнарици во светот, а присутни се и претставници на американската морнарица.

Командантот на Пацифичката флота адмирал Стивен Колер ќе присуствува на поморскиот симпозиум на Западен Пацифик во име на САД, според еден извор.

Кинеските медиуми јавија дека на состанокот учествуваат и Австралија, Франција, Индија, Јужна Кореја, Русија и Велика Британија.

Учесниците на состанокот утре ќе разговараат зад затворени врати како да се решат поморските безбедносни предизвици, како и за Кодексот за непланирани средби на море, збир на насоки формулирани пред 10 години за да се намалат тензиите меѓу поморските сили.

На прелиминарниот состанок во јануари беше разговарано за формирање работна група за спречување на судири на беспилотни летала на море, пренесоа кинеските медиуми. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан