• недела, 22 декември 2024

Во Киев неколку илјади Украинци порачаа дека ќе се спротивстават на инвазијата

Во Киев неколку илјади Украинци порачаа дека ќе се спротивстават на инвазијата
Киев, 12 февруари 2022 (МИА) - Неколку илјади Украинци учествуваа во денешниот собир во Киев, со цел да покажат единство поради наводната закана од руска инвазија. Демонстрантите организираа протестен марш низ центарот на Киев и извикуваа „Слава на Украина“, а носеа  и транспаренти на кои пишуваше „Украинците ќе се спротивстават“ и „Напаѓачот мора да умре“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им порача на граѓаните да останат смирени и да покажат единство. Претходно Зеленски изјави дека американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците. Тој додаде дека „паниката е најдобар пријател на нашите непријатели“. - И сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат, посочи Зеленски. ми/

Остани поврзан