Во Карбинци почна реконструкцијата на четири улици
- Почна реконструкцијата на првата од четирите предвидени улици во селото Карбинци, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
Карбинци, 23 јануари 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на првата од четирите предвидени улици во селото Карбинци, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
Тој истакна дека наместо по кал и прашина по долги години жителите од ова село добиваат реконстурирана улица што води до нивните домови. Општина Карбинци за реализација на проектот од буџетот издвои околу две милиони денари.
- Продолжуваме со градежната офанзива оваа година со тоа што на потег се оние четири улици кои ги најавив во село Карбинци. Денеска започнуваме со првата улица во село Карбинци. Ова се улици со мала должина, но кои се важни за овдешните жители. До сега луѓето се движеа во кал и услови кои не се нормални за ова време, рече Паунов.
Тој на денешната прес-конференција истакна дека како општина продолжувааат со засилено темпо во реализација на инфраструктурните проекти, меѓу кои и две нови детски игралишта.
-Продолжуваме со исто темпо, ќе следат неколку нови проекти понатаму, пред се во делот на патната инфраструктура, но и проекти кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот и во други сегменти, изјави Паунов.
Минатата недела се реконструираше и улица во село Таринци, дел од проектот за реконстуирање и асфалтирање на улички во неколку населени места во Карбинци. вдј/цр
Фото: МИА