Во карбинското село Таринци ќе се реконструира главната улица
- Општина Карбинци обезбеди средства за реконструкција на главната улица во село Таринци.
Карбинци, 27 септември 2022 (МИА) - Општина Карбинци обезбеди средства за реконструкција на главната улица во село Таринци.
Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов попладнево информираше дека денеска заедно со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи потпишаа договор за реконструкција на улица во село Таринци.
-Обезбедивме финансиски средства во висина од 6.169.998 денари од програмата за развој на селата.
Главната улица во Таринци ќе биде целосно реконструирана со тротоарско решение и атмосферска канализација, вели Паунов
Посочи дека како локална власт ветиле обнова и ги реализираат проектите. Очекува реконструкцијата на оваа улица да почне за еден месец, но се ќе зависи и од текот на тендерската постапка. вдј/мд/