• сабота, 23 ноември 2024

Во карантин бегалски камп во Грција

Во карантин бегалски камп во Грција
Атина, 6 јуни 2020 (МИА) - Со заедничка одлука на Министерствата за цивилна заштита, за здравство и за миграциска политика на Грција, бегалскиот камп во близина на грчкиот град Килкис, до 17 јуни е во карантин и е ограничено движењето на бегалците и мигрантите што се сместени таму, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително не се објаснети причините, меѓутоа според грчките медиуми, во изминатите денови бил регистриран позитивен случај на Ковид-19 кај бремена жена, која престојува во кампот. Од надлежното Министерство, соопштија и дека до 21 јуни 2020 година се продолжуваат мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус во три други бегалски кампови како и во центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти што се наоѓаат на островите. ср/

Остани поврзан