• петок, 22 ноември 2024

Во Кавадарци потпишана декларација за соработка на комисиите за еднакви можности од неколку општини

Во Кавадарци потпишана декларација за соработка на комисиите за еднакви можности од неколку општини
Кавадарци, 23 ноември 2022 (МИА) - Во Кавадарци денеска беше потпишана декларација за соработка на комисиите за еднакви можности од неколку општини. Општините Кавадарци, Виница, Гевгелија и Струга ќе работат врз основа на принципите на еднаквост, недискриминација и овозможување на еднаков пристап до услугите, сервисите и добрата во општеството.
- Оваа декларација претставува проглас за заложбите на комисиите за еднакви можности, за унапредување на родовата еднаквост и обезбедување еднаков пристап до правата, ресурсите и можностите на жените и мажите на локално ниво. Соработка во активностите за подобрување на состојбите на жените и девојчињата, пишува во декларацијата.
Весна Ѓорѓиева, претседател на комисијата за еднакви можности при Совет на општина Кавадарци, рече за МИА дека очекуваат во иднина, јавноста многу повеќе да ја препознава нивната работа и нивните напори за еднаквост. свд/сст/

Остани поврзан