• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите 

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите 

Кавадарци, 12 март 2025 (МИА) - Физички напад и закана од сопрузите, пријавиле две сопруги во полицијата во Кавадарци и во Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

- Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.П.(37) од Росоман, постапувајќи по пријава од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом во Кавадарци физички ја нападнал. Б.П. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека синоќа во 18.00 часот во Полициската станица Неготино, 34-годишна неготинчанка пријавила дека нејзиниот сопруг Б.Д., со кој не живеела зедно, ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан