• среда, 18 декември 2024

Во Кавадарци изложба на фотографски слики од фотографот Атанас Нашоку - Саку 

Во Кавадарци изложба на фотографски слики од фотографот Атанас Нашоку - Саку 

Кавадарци, 12 февруари 2024 (МИА) - Изложба на фотографски слики  од фотографот Атанас Нашоку - Саку од Битола, насловена „Мраз“ беше отворена вечерва во Домот на култура „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, во чест на празникот на виното Свети Трифун. 

- Станува збор за познат битолски фотограф кој минатата година славеше 55 години творештво. Објективот на Атанас Нашоку - Саку е вперен во честички од простор-времето. Овој (механички) поглед не е втренчен, туку само прецизен и конкретно спуштен врз површините на стварноста и така набљудувајќи ги површините на реалноста ги прикажуваат надреалистичките својства на фотографијата, рече директорката на Домот, Јулијана Туриманџова. 

Таа додаде дека надреалноста на фотографијата е пак впишана во нејзината суштина, во самото удвојување на реалноста, во стварноста од втор степен, која сепак е подраматична од стварноста која е предмет на природно набљудување.

- Фотографските слики на кои сме изложени во склоп на изложбата, се паридигма за уметникот и неговиот медиум и нивното место и влијание врз светот. Плодот, мразот, трагите на времето се оние нешта од кои се сочинети ликовните сентенци. Атанас Нашоку - Саку ги поместува можностите на фотографијата до крајни граници, одземајќи и ја на фотографијата површната наративност. Неговите фотографии не објаснуваат, тие потврдуваат. Ја потврдуваат убавината и нејзината вечност, подвлече Туриманџова. свд/мд/

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан