• недела, 05 мај 2024

Во Кавадарци до 11 часот гласале 18 проценти од гласачите 

Во Кавадарци до 11 часот гласале 18 проценти од гласачите 

Кавадарци, 24 април 2024 (МИА) - Во Кавадарци до 11 часот гласале 18 проценти од гласачите, информираше претседателката на ОИК, Емилија Петровска. 

Таа претходно соопшти дека навремено биле отворени гласачките места, а се гласа за претседател на државата.

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА, на стартот од гласањето. 

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени  110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско. 

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина  Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска. 

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден. свд/цр

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан